А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Државниот завод за ревизија ги објави ревизорските извештаи на Апелацискиот суд Скопје

by А1он28/12/2021 - 15:32262
Share0

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска на веб-страницата ги објави ревизорските извештаи на Апелацискиот суд Скопје.

Добивај вести на вибер

Цел на ревизијата, како што посочи ДЗР, е дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските транскации и информациите во истите се во согласност со законската регулатива.

Согласно ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност за сметката на основен буџет (631) за 2020 година како клучна утврдена состојба е неевидентирање на побарувањата по основ на изречени паушали од судски одлуки, како трошоци во постапките.

– Изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај, додека за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики изразивме поволно мислење. Како клучна препорака е воспоставување на целосна, точна и навремена сметководствена евиденција на ненаплатените побарувања по основ на судски паушал и нивно прикажување во финансиските извештаи на субјектот, наведува ДЗР.

Како клучна системска слабост се наведува недонесен акт од страна на Врховен суд со кој треба да се утврди висината и начинот на определување на паушалите како трошоци во постапките, по која треба да постапуваат и одлучуваат судиите.

Во однос на ревизијата на сметката на основен буџет (603) за 2020 година утврдено е дека не се применуваат во целост пишаните интерни процедури за редовна и целосна сметководствена контрола, неевидентирани обврски кои се однесуваат на известувачкиот период, односно во периодот кога настанале и нецелосно спроведен попис на обврските.

– Изразивме поволно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики изразивме мислење без резерва. Препорака – целосна примена на интерните процедури и функционирање на системот на внатрешни контроли, редовно и навремено евидентирањето на обврските спрема добавувачите и целосна примена на правилата за вршење попис на обврските од страна на пописната комисија за утврдување на правниот основ, потеклото, старосната структура и причините за неизмирените обврски, се вели во соопштението од ДЗР.

Како клучна системска слабост се посочува различно уредување на начинот на пресметка на додатокот за работното искуство со одредбите на Законот за платите на судиите и Законот за судската служба.

apelacijadrzaven zavod za revizija

Би можело да ве интересира

Ризик од опасни козметички производи и играчки на пазарот – листата на забранети супстанции не е ажурирана 16 години

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 12:42

Неповолно мислење за финансиските извештати на Министерството за одбрана

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 10:34

Хаос во работењето на Општина Охрид во 2024, констатира Државниот завој за ревизија

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 11:11

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он20/01/2026 - 16:3620/01/2026 - 16:42

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 15:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен