Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска учествува на редовен состанок на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа за имплементација на Повелбата од Кишињев, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора.
Главна тема на состанокот се стратешките цели и приоритети за овој регион, кои произлегуваат од Повелбата од Кишињев, во насока на зајакнување на регионалната соработка и надминување на заедничките предизвици во регионот.
Во фокусот на дискусијата ќе биде и Агендата на Обединетите Нации 2030 за одржлив развој во овие земји, промоција и унапредување на јавното здравје, како и воспоставување заедничка здравствена платформа за меѓугранична соработка во регионот.