Државниот секретар во МВР, Несторовска се сретна со високиот претставник на УНХЦР, Сандри

Од:

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска денеска се сретна со високиот претставник на УНХЦР во Република Македонија, Моника Сандри.

Од МВР соопштија дека на средбата државниот секретар Несторовска изразила задоволство од досегашната успешна соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Скопје посебно за време на мигрантската криза и ја искористила можноста на Сандри да и го честита назначувањето за прв човек на Канцеларијата на УНХЦР во Македонија, посакувајќи и многу успеси и многу нови заеднички проекти.

Во рамките на воспоставената билатерална соработка со високиот Комесаријат за бегалци при Обединетите Нации на крајот од средбата беше потпишан Договор за донација на конференциска видео опрема која има за цел зголемување на ефикасноста и зајакнување на капацитетите на Министерството во извршување на секојдневните активности, посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари