Државниот секретар во МНР Димовски учествуваше на Министерска конференција на Франкофонијата во Париз

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, учествуваше на 34-та сесија на Министерската конференција на Франкофонијата, која се одржа изминативе два дена во Париз.

Во своето обраќање Димовски информираше за приоритетите на Владата на Република Македонија во однос на темата на овогодишната конференција “Новите економии како двигатели на развојот, социјалната инклузија и одржливиот развој”.

Притоа, посебен акцент стави на предизвиците поврзани со климатските промени подвлекувајќи дека со неодамнешното ратификување на Парискиот Договор во македонското Собрание се создаваат можности за натамошен ангажман на нашата земја во насока на справување со климатските промени, имплементирање на политиките за одржлив развој и поддршка на “зелените” економии.

За време на конференцијата Димовски учествуваше и на затворената сесија на која беа разменети мислења за политичката и безбедносната ситуација во земјите од франкофонскиот простор, со посебен акцент на миграциите и тероризмот.

На маргините на Конференцијата Димовски оствари средба со државниот секретар во француското Министерството за надворешни работи, Жан Батист Лемоен со кој беше разговарано за можностите за засилена поддршка од Француската Република на нашата земја во остварување на стратешките приоритети за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

Три безживотни тела пронајдени во куќа во Франција, меѓу жртвите и двегодишно дете

Марин Ле Пен има поддршка од 34 до 38 отсто пред претседателските избори во Франција