Државниот секретар во МНР Димовски се сретна со Лаура Купер

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски денеска имаше средба со заменик помошникот секретар за одбрана надлежна за Русија, Украина и Евроазија на Соединетите Американски Држави, Лаура Купер.

Димовски информираше за активностите на Република Македонија за реализација на стратешките приоритети за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, со посебен осврт на постигнувањата во реформскиот процес и градењето мостови на добрососедство. Во тој контекст, беа истакнати и имплементацијата на Акциониот план за членство во НАТО, придонесот на Република Македонија кон регионалната и глобалната безбедност, како и значењето на соработката и поддршката со САД како наш стратешки партнер.

Високиот претставник на Департментот за одбрана на САД, Лаура Купер ја потврди силната поддршка на САД за членство на нашата земја во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни