Државниот секретар на Ватикан во посета на Македонија

Од:

Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Македонија.

Кардиналот Паролин ќе биде гостин на бискупот скопски и апостолски егзарх во МакедонијаКиро Стојанов во Скопската бискупија, а ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и други државни претставници.

Ќе присуствува на свечен благослов и инаугурација на новата бискупска резиденција со присуство на верските поглавари, цивилните власти и дипломатскиот кор, по што во Скопската катедрала Пресвето Срце Исусово ќе има средба со свештениците, монашките заедници и богословите и ќе предводи Служба на Словото. Кардиналот вечер ќе го предводи свеченото Евхаристиско славење во повечерието на празникот Свети Јосиф. По литургиското славење е предвидена промоција на книгата на папата Фрањо „Божјото име е милосрдие“ која е преведена на македонски јазик.

Утре кардинал Паролин ќе ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза, археолошкото наоѓалиште Стоби, привремениот транзитен центар за мигранти „Винојуг“  и парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, како и катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

Би можело да ве интересира

Ватикан повторно се нуди да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина

А1он

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

ВИДЕО: Изненадување од Ватикан, објавена снимка од новиот папа веднаш по изборот

Катерина Ѓуровски

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

Се појави бел чад, избран е новиот папа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Црн чад, не е избран папа

Катерина Ѓуровски