Државниот испитен центар го повторно го активира штрајкот

Од:

Синдикатот на Државниот испитен центар го продолжува генералниот штрајк кој беше ставен во мирување во мај оваа година.

– Вработените во ДИЦ излегоа во пресрет на матурантите и во многу кратки рокови со надчовечки напори ја реализираа навремено и успешно државната матура како и другите процеси и активности во надлежност на ДИЦ. Надлежните институции кои беа задолжени да најдат решение за нашиот долгогодишен проблем со платите потфрлија, се вели во соопштението од Синдикатот.

Во овие седум месеци откако штрајкот беше ставен во мирување, ДИЦ беше во континуирани преговори со Министерството за финансии при што беа предложени и доставени на одобрување повеќе можни решенија, но за жал ниту едно не беше прифатено информираат од синдикатот на ДИЦ.

– Активности кои се спроведуваат во овој период во ДИЦ, а чија реализација ќе биде доведена во прашање се: стручниот испит за наставници и стручни соработници (пријавени 700 кандидати), основната обука за кандидати за директори, напредните обуки за директори, меѓународните тестирања, а доколку овој проблем не се реши повторно ќе биде доведена во прашање и државната матура која со своите активности започнува од 1.1.2024 година. Однапред им се извинуваме на сите лица кои ќе имаат потреба од услугите на Државниот испитен центар а кои со штрајкот ќе им бидат ускратени, велат во соопштението од синдикатот на ДИЦ.

Би можело да ве интересира

Државен испитен центар не може да ја проверува вибер-групата, ќе контролира дали има тестови со идентични одговори

Катерина Ѓуровски

Вработените во Државен испитен центар го прекинаа штрајкот

Продолжува штрајкот во Државниот испитен центар

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на ДИЦ го става штрајкот во мирување

Прекинато тестирањето на 4.500 ученици поради штрајкот за поголеми плати на Државниот испитен центар

A1on

Ако штрајкот во Испитен центар трае повеќе од една недела неизвесно е полагањето матура