Државниот испит во Полска не е обврска за студентите

Од:

Алиби на власта и на премиерот за воведување државен испит е постојано повторување дека имале земјите во ЕУ, а секогаш наведуваат само четири земки-Полска, Чешка, Унгарија и Словачка. Меѓутоа, по проверката, испадна дека Полска нема државен испит како што воведува Македонија.

Како што наведува „Утрински весник“ државниот испит во Полска не е таков како што наведуваат владините луѓе, тој не е обврска и воопшто го нема на повеќето факултети.

-Во Полска навистина има државен испит, но тој не е канон, ниту обврска, туку се спроведува само во одредени случаи. На хуманистичките универзитети во Полска може да се организира државен испит, но само за познавање странски јазик (кој било, италијански, кинески, англиски…), и се полага во рамките на студиите кои вообичаено траат пет години. Се полага пред четиричлена комисија на професори, писмено и усно.

На медицинските факултети, на вишите школи за медицински сестри, на факултетите по право, каде што има своевиден „занаетчиски“ однос во областа, треба да се полага државен испит, но тоа се прави по дипломирањето, затоа што се смета дека дипломата не е доволна да вршиш дејност на адвокат, на сестра, на лекар. Државниот испит за правниците е организиран од адвокатските комори, а за лекарите од Министерството за здравство.

На сите други факултети не се полага државен испит, ни за време на студирањето ни после тоа, пишува Утрински весник.

За разлика од примерот на Полска кој најчесто се посочува, власта овде сака да воведе државен испит како обврска, кој ќе се спроведува два пати-на крајот на втора и на четврта година од студиите. Од првичната најава на министерот за образование кој рече дека кој нема да положи не може да оди понатаму, премиерот последно кажа дека испитот ќе може да се полага неограничен број пати, но не појасни дали и колку пари студентите ќе мора да плаќаат.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки