ВИДЕО: Државниот инспекторат не откри кој го обои Вардар во црвено на изборниот ден

Од:

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера извршил увид по дојава дека реката Вардар била обоена со црвена боја во источниот дел од Скопје, но инспекторите по прегледот во околните фабрики, не успеале да откријат од каде точно доаѓа загадувањето.

Вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии од мостот во Долно Лисиче на кои може да се види како Вардар на излезот од Скопје е обоен во црвено, како и повици до надлежните да се најде сторителот на најновото загадување на нашата најголема река.

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски објави и снимка на која се гледа како се земаат мострите од загадените води на реката:

Еве го денешното соопштение од Државниот инспекторат:

„ДИЖС на ден 15.07.2020 година, по добиена дојава за загадување на реката Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база – Бетон,излезе на увид на посочената локација и со непосредниот инспекциски надзор утврдена е следната фактичка состојба:

Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лaбoраторија и е во тек нивно испитување.

Истовремено извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје , ул.16 Македонска бригада б.б.и се утврди следната фактичка состојба.

Во момент на надзорот погонот Лужилница не  беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен.Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови.При увид во пречистителната станица  утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим, и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна.

Исто така, се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје, и од неа истекуваше безбојна отпадна вода со 100 м3/час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода,“ се вели во соопштението од ДИЖС.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје