По повод државниот празник посветен на св. Климент Охридски, цвеќе пред Споменикот на светителот во близина на Соборниот храм во Скопје денеска положи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Цвеќе положи и делегација на Град Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски, како и делегации од Владата и од Собранието на Република Македонија и претставници на политички партии и здруженија на граѓани.