Државната матура почна навреме, денеска се полага мајчин јазик

Од:

Процесот на полагање државна матура започна утрово и се одвива според предвиденото, без какви било пречки или застој во целата држава, информираа денеска Мируше Амети, директор на Државниот испитен центар и претседателката на Државниот матурски одбор Весна Хорватовиќ по посетата на СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

– Тука сме во „Корчагин“ за да видиме како почна процесот на полагање на државната матура со првиот испит – мајчин јазик. Одбравме да дојдеме во гимназијата, која седум години наназад покажа едни од најдобрите резултати на државната матура. Можеме да кажеме дека се се одвива како што е предвидено, не само во оваа гимназија, туку и во сите средни училишта во нашата држава. Испитниот материјал е дистрибуиран навреме, сите тестатори и набљудувачи се на своите позиции и учениците со најголема концентрација и внимание го решаваат тестот, рече Хорватовиќ.

Таа додаде дека испитниот материјал е доставен навреме и сите лица кои го следат процесот на државна матура се на своите места и досега нема никакви најави ниту пак информации за пречки и застој или проблеми во процесот на овој прв ден од државната матура.

– Испитот по мајчин јазик што денеска се полага трае 240 минути. Секој ученик има право во овие минути да го решава тестот. Тестот се состои во пишување есеј, кој треба да изнесува од 300 до 500 зборови. Есејот е на тема од материјалот што се учи или имаат можност да пишуваат на тема која е слободно зададена, имаат прашања повеќечлен избор и прашање со надополнување. Другите испити имаат различна минутажа. Значи, само мајчините јазици македонски, албански и турски се полагаат во 240 минути. Предметите математика на основно и напредно ниво, како и странските јазици англиски, француски, германски и руски, естетика и филозофија се полагаат со 180 минути, а останатите предмети кои оваа година како новитет се предизборен предмет се полагаат по 2,5 часа, рече Хорватовиќ.

Според неа, охрабрува што годинава е зголемената бројка на матуранти кои го пријавија предметот математика и на основно и на напредно ниво, а за одбележување годинава е и огромната бројка матуранти што го избраа предметот бизнис и претприемништво. – Повеќе од 5.000 матуранти го избраа овој предмет иако е релативно нов во наставната програма се покажа дека буди интерес кај младите луѓе да го одберат и за државна матура, додаде претседателката на Државниот матурски одбор.

Директорот на „Корчагин“ Јордан Лукаревски подвлече дека дека досега седум години е најдобра гимназија по резултати од државна матура.

– Подготовките беа навреме преземени од целата екипа што е задолжена за спроведување на матурата и се надеваме дека резултатите на нашите матуранти оваа година ќе бидат добри. Тестаторите се од други училишта според Програмата на Државниот испитен центар, кои тоа го регулираат. „Корчагин“ има вкупно 245 матуранти, вели Лукаревски.

Вкупно 18.370 пријавени кандидати во оваа учебна 2013/2014 година денеска полагаат мајчин јазик, прв од четирите матурски испити, неопходни за продолжување на образованието на некоја од високообразовните институции. Резултати се очекуваат 30 дена по тестирањето, почнувајќи од денеска.

На 11 јуни матурантите ќе полагаат англиски, француски, германски или руски јазик, на 13 јуни математика, естетика и филозофија, а на 16 јуни испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

Интерните испити ќе се полагаат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните предметни комисии и тоа во период од 16 до 30 јуни во јунски испитен рок и од 18 до 23 август во августовски испитен рок.

Во процесот на државната матура, покрај вработените во Државниот испитен центар, се вклучени училишни членови на матурски комисии, 2.000 обучени тестатори наставници, 500 оценувачи, а ќе ги следат над 200 овластени испитувачи.

Би можело да ве интересира

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Ана Ололовска

Втор дел државна матура – полагање на изборниот екстерен испит

Ана Ололовска

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15 620 ученици

Ана Ололовска

ДИЦ останува во штрајк и се повлекува од јавни известувања – порача одговорите да ги даваат надлежните министерства

Ана Ололовска