Државната матура без проблеми во двете гиманзии и трите стручни училишта во Куманово

Од:

Во двете гиманзии и во трите стручни училишта во Куманово, денеска во 10 часот почна полагањето мајчин јазик како задолжителен предмет од државната матура.

Во Гимназијата „Гоце Делчев“ државна матура полагаат 247 ученици, во гимназијата „Сами Фрашери“ полагаат 269 ученици, во eкономското „Перо Наков“ 165 на македонски и 132 на албански јазик, во земјоделското „Киро Бурназ“ 10 ученици на македонски и седум на албански, во техничкото „Наце Буѓони“ полагаат 135 ученици од македонските паралелки и 204 од албанските.

– Кај нас повеќето ученици одат на завршен испит, и затоа имаме само 10 ученици кои денеска ќе полагаат државна матура, останатите 110 полагаат завршен испит на македонски и седумина на албански јазик. Се тече во најдобар ред, нема никакви проблеми, изјави Весна Трајковска, директорка на „Киро Бурназ“.

Навреме и без проблеми се одвива полагањето на матурата и во останатите средни училишта.
– Се е во ред. Набљудувачите се присутни нема никакви проблеми, сите ученции се присутни, изјави Лидија Тасевска, директорка на „Перо Наков“.

На 9 јуни, матурантите ќе полагаат математика, на 13 јуни странски јазик, а на 15-ти јуни, физика, хемија, биологија, историја, филозофија и естетика.

Би можело да ве интересира

Полагање на вториот екстерен испит од државната матура

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

A1on

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Ана Ололовска

Втор дел државна матура – полагање на изборниот екстерен испит

Ана Ололовска

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15 620 ученици

Ана Ололовска