Државна пензија за секој

Од:

Секој ќе има пензија од државата.

Со оваа мерка од Планот за живот сакаме да ја измениме сегашната ситуација на гладни или и болни луѓе во возрасни години, кои немаат финансиска можност сами да се грижат за себе, затоа што не ги исполниле условите за пензија.

Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија.

Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија.

Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија.

Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост.

Нашата цел е достоиствен живот за сите граѓани на Македонија.

Мнозинството граѓани гласаа за промени. Сега е потребна нова одговорна Влада на граѓаните која ќе води реални политики и ќе обезбеди квалитетен живот за сите.

Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот кој го избравме, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски