Државјанки на Албанија и Косово затекнати во локал во Слупчане

Од:

Во акциска контрола во угостителски објект во село Слупчане во општина Липково затекнати се девет женски лица – три од Македонија и шест девојки од Албанија и Косово, кои се лишени од слобода.

Министерство за внатрешни работи соопшти дека контролата ноќеска по полноќ во 00.25 часот ја извршиле Секторот за внатрешни работи-Куманово, крим-полицијата при МВР, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

Државниот пазарен инспекторат констатирал дека објектот работел без дозвола за работа. Управата за јавни приходи утврдила дека во локалот не се издаваат фискални сметки при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.

Контролата била извршена по претходно изготвен план поради сомнеж дека во објектот престојуваат странски државјани кои работат во локалот и оти во него се вршат незаконски дејства. За случајот е известен Јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР