Државјанка на Турција тешко повредена во сообраќајка во Струмица

Од:

МВР извести дека вчера во 17.20 часот во полициската станица во Струмица е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „цитроен“ управувано од С.А.(52) од Струмица и „шкода“ управувана од Е.П.(25) од село Просениково.

Во несреќата со тешки повреди се здобила Ф.А.(63) од Република Турција, со привремен престој во село Еднокуќево, која била сопатничка во возилото „цитроен“. Таа е згрижена во Медицинскиот центар во Струмица, а увид на местото извршила полициска истражна екипа.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат