Државјанин на Србија под истрага за криумчарење мигранти

Од:

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

Осомничениот во текот на вчерашниот ден, по претходен договор за паричен надомест, со уште едно непознато лице од подрачјето на Гевгелија прифатиле и кон Куманово превезувале број мигранти. Осомничениот со своето патничко моторно возило превезувал вкупно 11 мигранти, од кои седум биле малолетни лица.

Како што информира денеска Јавното обвинителство на Република Македонија, новина во кривично-правните настани на криумчарење мигранти е појавата на државјани на Република Србија како извршители на ова кривично дело.

Сторителите, како што се наведува во соопштението, користејќи го екот на туристичката сезона и транзитот на голем број туристи од Србија кон Грција по коридорот Куманово-Гевгелија по Вардарската долина, ги прикриваат своите криминални активности на сметка на зголемената фреквенција на сообраќајот. Тие како туристи легално влегувале во Република Македонија и се движеле со возила со странски регистарски ознаки по овој коридор, што во обратна насока е позната рута по која се движат мигрантите.

– Кај досегашните криминални групи што Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи во голема мера ги десеткуваа, како што е предметот „Којот“, кај непосредните извршители подолг период наназад не се пронаоѓаа и запленуваа парични средства бидејќи плаќањето се извршуваше преку организатори и посредници, се вели во соопштението.

Кај извршителите од Србија, наплатата на криминалниот приход била непосредно од мигрантите. Во вчерашниот случај, кај сторителот пронајдени и одземени се 1.700 евра, кои најверојатно потекнуваат од предметното и претходно извршени кривични дела на криумчарење мигранти. Истрагата треба да утврди дали паричните средства се криминален приход или се од легално потекло. Министерството за внатрешни работи презема мерки за откривање и на вториот извршител.

На предлог на надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски