Државјанин на Северна Македонија загина во сообраќајка во Косово

Државјанин на Република Северна Македонија загина рано утрово во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Приштина – Урошевац, откако со своето возило излетал од патот и удрил во бетонски столб, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за несреќата, во која загинал маж на 34-годишна возраст со иницијали А.Ј., во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Фљорие Ахмети.

– Денеска околу 5 часот добивме информација за сообраќајна несреќа на патот Приштина – Урошевац, кај селото Лапнасело, во која учествувало едно патничко возило. Како последица на несреќата, загина едно лице, кое управувало со возилото. Смртта на А.Ј., 34-годишен маж, државјанин на Република Северна Македонија, на местото на настанот ја утврди лекарска екипа, изјави Ахмети.

По налог на надлежен обвинител, телото на загинатиот е предадено во судска медицина за обдукција, а екипа на сообраќајната полиција изврши увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопјанец го бркаа со сатар низ Лептокарија бидејќи се пожалил на високата сметка

Кристијан Ландов

Едно лица загина, тројца се повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Скопјанец загина во сообраќајка во близина на Охрид

Ана Ололовска

Се превртел трактор, загинала сопатничката

Ана Ололовска

Туристка од Холандија пронајдена мртва во хотел во Струга

Ана Ололовска

Загина тракторист кај демиркаписка Корешница

Ана Ололовска