Државен натпревар на средните електротехнички, машински и сообраќајни училишта

Од:

СУГС „Владо Тасевски“ е домаќин на 33. Државен натпревар на средните електротехнички, машински и сообраќајни училишта од Република Македонија. Натпреварот денеска го отворија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претставници од  Центарот за стручно образование и обука и директорката на СУГС „Владо Тасевски“, Билјана Глигорова.

На натпреварот, како што информира Трајановски, пријавени се 147 натпреварувачи од средните стручни училишта во Македонија, кои ќе се натпреваруваат во повеќе различни категории.

Посакувајќи им среќа на учесниците, тој посочи дека Градот Скопје континуирано ги поддржува, а и во иднина ќе ги поддржува иницијативите за одржување на натпревари во средните училишта, како на републичко, така и на меѓународно ниво.

– Реализацијата на натпреварите ќе придонесе на учениците да им се даде можност покрај совладувањето на материјалот во рамките на редовната настава да отидат и чекор понатаму и во остра конкуренција да ги измерат своите знаења и вештини. Убедем сум дека реализацијата на вакви натпревари ќе им овозможи на учениците да стекнат вештини, кои ќе им бидат потребни за понатамошен кариерен развој, јакнење на индивидуалната и општествена продуктивност, и ќе го поттикнуваат нивното учество во натамошни обуки и образование, рече Трајановски.

Дел од учениците ќе се натпреваруваат решавајќи тестови, а дел презентирајќи ги своите трудови. Вреднувањето и оценувањето на трудовите ќе го вршат комисии, кои се составени од предметни професори од соодветната струка, а натпреварите ќе ги надгледува комисија составена од членови од Центарот за стручно образование и обука и професори од техничките факултети од електро, машинската и сообраќајната струка.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните

72-годишен маж од Скопје починал на улица

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост