Државен испит и за сегашните студенти-ако не завршат во предвидениот рок

Од:

Студентскиот пленум информира дека според новото законско решение и сегашните студенти под одредени услови може да се случи да полагаат државен испит.

-И покрај сите убедувања и ветувања дека сегашните студенти нема да бидат опфатени со новиот закон, последните измени на законот велат поинаку. Според член 30 студентите запишани според студиските програми до денот на влегувањето во сила на овој закон можат да ги завршат студиите под услови кои важеле при уписот, но најдоцна во рокот определен за завршување на студиската програма продолжен за две години за студиите за прв циклус, односно за една година за студиите за втор и трет циклус.

Сегашните студенти имаат рок предвиден од Владата во кој мораат да дипломираат, во спротивност санкцијата е државен испит. Со новите измени, професорите се под закана од 10.000 со 30.000 евра казна, или, за деканите, казна затвор. Според член 28, кој опфаќа измена на членот 167, од веќе постоечкиот Закон за Високо Образование, глоба во износ од 10.000 до 30.000 евра во денарска противвредност и мерка забрана за вршење на високообразовна дејност ќе и се изрече на високообразовната установа која ќе издаде диплома за завршено високо образование на студент кој не положил државен испит или доколку на студентот му дозволи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година (член 69-а).

Според член 29, кој опфаќа измена на член 168 од веќе постоечкиот Закон за Високо Образование, одговорното лице на високобразовната установа, кое ќе постапи спротивно на овој закон, односно ќе издаде диплома за завршено високо образование на студент кој не положил државен испит или доколку на студентот му дозволи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години.

Не срами што ова мора да го кажеме за сопствените државни институции, но од Владата и Министерството за образование и наука бесрамно лажат кога велат дека имало јавна расправа, бидејќи ниеден факултет, ако ништо друго, не учествувал во јавна расправа за овие последни измени на законот.

И студенти, ако мислите вас „нема да ве фати“, побрзајте да завршите! #ПоздравПленумци и #ДаЖивееДемократијата, се вели во објавата на Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки