Државата се наоѓа во зелена зона со доволно капацитет за згрижување на пациентите

Од:

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид.

Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19, утврдено е дека РСМ се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19, Инаку, зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто.

На состанокот беше разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19, при што Комисијата препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно.

Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски