Државата продава парцели за катна гаража и сендвичарници во Центар

Од:

Државата преку електронско јавно наддавање нуди на продажба градежна парцела во Општина Центар во близина на републичкото Собрание наменета за изградба на катна гаража, како и шест парцели за изградба на сендвичарници.

Според денешната објава од Министерството за транспорт и врски, парцелата за катната гаража е со површина од 2.455 метри квадратни. Почетната цена за наддавањето изнесува 1.850 денари за метар квадратен, а пријавите можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 13-ти следниот месец. Банкарската гаранција за учество на наддавањаето изнесува 50.000 евра во денарска противвредност.

– Локацијата се наоѓа во близина на Собранието на Република Македонија, во центарот на Скопје и со реализација на оваа катна гаража се очекува да се овозможи поголем простор за паркирање на возилата што дополнително ќе придонесе кон растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Шесте локации наменети за изградба на сендвичарници, за кои денеска, исто така, има објава, се со површина од по 8 метри квадратни. Најповолните понудувачи треба да ги изградат објектите во согласност со понуденото идејно решение. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество во јавното наддавање е 13-ти следниот месец. Банкарската гаранција за учество на јавното наддавање е 30.000 евра.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавните објави може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска