Државата нема да ги покрие трошоците на Грунчевски, за светската Олимпијада по математика

Од:

Како стојат работите, државата нема да ги покрие трошоците за учество на охриѓанецот Никола Грунчевски на светската Олимпијада по математика во Колумбија која треба да се одржи овој месец.

Вкупните трошоци за да се замине во Колумбија изнесуваат 2.000 евра, поради што семејството на младиот охриѓанец ќе треба само да ги обезбеди потребните средства. Грунчевски раскажува дека во нивниот обид да добијат помош од надлежните државни институции наместо позитивен одговор за помош, добиле само честитки за постигнатите резултати.

„Се обративме но безупсешно до неколку државни институции. Се надевам дека некој ќе ме помогне и ќе финансира за финасискиот товар да не падне на товар на моите родители повторно. Разочран сум што родителите треба да ги покриваат трошоците. Сами работиме без помош на државата, напорно е и не е лесно“, рече Грунчевски, за ТВМ.

Грунчевски неодамна освои брноизена медала на Балканската Олимпијада која се одржа во Кипар.

„Единствено Македонската репрезентација немаше покриени трошкови. Останатите држави им ги има покриено сите патни трошоци. Исто така имаат органзирани припреми и кампови, а ние немаме ништо“, рече Грунчевски за ТВМ.

Мики Трајковски
Фото: ТВМ

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид