А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Државата на средина од 85-часовниот карантин, ефектите од тоа на почетокот на мај

by А1он19/04/2020 - 08:4719/04/2020 - 11:55937
Share0

Државата се наоѓа на средина од 85-часовниот карантин и додека властите ефектите од ваквите рестриктивни мерки против ширењето на корона вирусот ги очекуваат на почетокот на мај, бројот на заразени во државата во изминатите 24 часа се зголеми за 53, достигнувајќи 1.170 заболени.

Следете a1on на Instagram Instagram

Забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот, а Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на Велигденските празници.

Сите превентивни мерки кои досега се преземени, според министерот за здравство Венко Филипче, сега ги даваат резултатите и затоа имаме линеарен пораст на пацинети, што може да бидат примени во болниците и соодветно да се третираат.

– Сметам дека и во периодот што следи ќе дадат дополнителни резултати во смисла на тоа трансмисијата на болеста значително да се намали и некаде на почетокот на мај ние да имаме период во кој бројот на новодијагностицирани пациенти ќе се намалува и ќе бидеме во ситуација да ги попуштаме рестриктивните мерки, изјави Филипче.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во изминатите 24 часа излекувани се 25 пациенти со што досега вкупно се излечени 164 лица.

Според податоците од Институтот за јавно здравје од пријавените случаи за кои се добиени податоци, 20,7 проценти се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Најчести симптоми кај заболените се: температура (64,3%), кашлица (54,1%), малаксаност (32,3%), треска (18,5%), главоболка (17,5%), болка во грло (15,7%) и отежнато дишење (14,1%). Кај 33,8 проценти од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Болничките капацитети, како што информираше министерот Филипле, не се преполнети, и искористени се половина од иницијалниот капацитет на Инфективната клиника, околу 20 проценти од болницата 8-ми Септември и сосема мал процент на исполнетост на инфективните одделенија на другите болници.

На Инфективната клиника во Скопје, вкупно се хоспитализирани 52 лица, од кои 16 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ се лекуваат 41 пациент. На респираторна машина се приклучени осум пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив три се на кислородна поддршка. Во штипската болница хоспитализирани се вкупно девет лица, сите во стабилна состојба.

Сите држави, како што објасни Филипче, се соочуваме со нешто непознато досега и сите мерки, препораки и насоки ги црпиме од знаењето и стручноста на епидемиолозите и членовите на Комисијата за заразни болести.

Тој, изрази очекување дека на крајот на мај ќе ги видиме ефектите од сите овие страшни и рестриктивни мерки досега.

Премиерот Оливер Спасовски, пак, информира дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.

– Ни беше битно да создадеме услови за работење на здравствените работници. Сметавме дека мерките за физичко дистанцирање даваат резултати, затоа и имаше одлуки за неработење на училиштата, градинките, многу компании не работеа, вклучително и оние во угостителството, туризмот. Тоа беше неопходно. Сите ќе поднесеме дел од товарот од оваа криза. Ова не е време за каков било профит, сите треба да бидеме насочени кон успешно справување со оваа состојба, порача премиерот Спасовски.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео