Државата ја опструира реконструкцијата на 9 локални патишта во Охрид, обвинуваат градските власти.
Локалната самоуправа во Охрид обвинува дека проектите за изградба на девет локални патни правци се стопирани од страна на централната власт.
Од таму велат дека Охрид бил единствена општина во Македонија која уште во 2008 година аплицирала со проекти за реконструкција на сите 12 локални патни правци од кои досега се реализирани само три.
„Изготвивме проектни документации, издадовме одобрение за градба и на два наврати Советот за општината едногласно донесе одлука за отпочнување на постапка. Во меѓу време во голем број на градови многу работи се изградени, а во Охрид се кочат работите.
– Последен пример за тоа е патот од селото Горно Лакочереј до Долно Лакочереј кој требаше во октомври годинава да се гради, но тој е пролонгиран за месец април. Зошто е тоа така ќе ги прашате оние кои ја пролонгираа таа работа, а тоа е Агенцијата за државни патишта. Факт е дека работите се оптруираат“ изјави Зоран Шикалески ракводител на секторот за сообраќај во општина Охрид.
Од дванаесетте прокети за реконструкција на локални патишта досега само три се леализирани, а останатите девет треба да се реализираат.
Кога тоа ќе се случи од општина Охрид не знаат. Велат дека причина за тоа била опструкцијата кон Охрид од страна на државата.
Градоначалникот Петрески вели дека надлежните државни институции намерно ги имаат стопирано овие проекти и покрај обезбедените средства како и потребна документација.
Мики Трајковски