Дрвокрадци од Охрид нападнале шумар и припадник на Шумската полиција

Од:

Кривични пријави заработија две лица од Охрид, поради физички напад врз службени лица вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и на Шумската полиција.

Според полициското соопштение, инцидентот се случил пред три дена, поколу 19 часот кај меноста „Тројанско поле“ во атарот на охридското село Долно Лакочереј, при обид за проверка на патничко возило натоварено со дабово дрво. Шумарот на должност бил нападнат од лицата И.Б. (26) и Р.Ф. (23), веднаш откако биле сопрени. Притоа му нанеле повеќе удари со раце и нозе по целото тело, по што со истото возило избегале кон излезот на селото.

По кусо време нивното возило се обидел да го сопре и припадник на шумската полиција. Забележувајќи го службено возило на полицијата, двајцата пријавени продолжиле да бегаат по друг пат и по кратко време, немајќи каде понатаму застанале во куќен двор. При излегување од возилото, пријавените се обиделе со моторна пила да го повредат шумскиот полицац, по што избегале од местото на настанот.

По преземени оперативни мерки, Секторот за внатрешни работи од Охрид ги пронајде и ги приведе И.Б. и Р.Ф. по што извршен е разговор со нив, во присуство на Јавен обвинител и нивно препознавање од страна на двајцата оштетени.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он