Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

Од:

ЈП депонија Дрисла ги повика Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да го истражат случајот со денешниот пожар во депонијата, сторителите да бидат најдени и соодветно казнети. Притоа тие бараат локалното население, како што се наведува, да не се доведува во заблуда и паника дека депонијата ги загрозува животната средина и здравјето на луѓето со подметнатиот пожар на депонијата Дрисла, најавувајќи соодветни постапки против лицата кои шират лаги и дезинформации.

-Во врска со дезинформациите објавени изминатите неколку денови во дел од медиумите и особено на социјалните мрежи за депонијата Дрисла, Ве известуваме дека ЈП депонија Дрисла е единствена санитарна депонија во државата која работи согласно А – интегрирана дозвола и своите работни активноси ги извршува согласно сите законски прописи за управување со отпад и заштита на животната средина. Истовремено е под целосна контрола и мониторинг од страна на Државниот инспекторат за животна средина, се наведува во соопштението од ЈП депонија Дрисла.

Од таму апелираат, како што се наведува, „правото и слобода на говорот и јавното информирање да не се злоупотребува за ширење на лажни вести и невистини по социјалните мрежи од страна на група луѓе кои го доведуваат во заблуда и паника локалното население дека депонијата Дрисла ги загрозува животната средина и здравјето на луѓето, како што се случи денес во раните утрински часови, со подметнатиот пожар на депонијата Дрисла“.

-Ситуацијата е ставена под контрола од страна на вработените на Дрисла со помош на пожарникарски служби, пожарот е изгаснат и претпријатието продолжува со редовни активности. Од страна на полицијата направен е увид и записник и истата ќе постапува согласно своите ингеренции. Воедно ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да го истражат случајот и сторителите да бидат најдени и соодветно казнети, а против лицата кои шират лаги и дезинформации за депонијата Дрисла, од страна на претпријатието ќе бидат покренати соодветни постапки, посочуваат од депонијата Дрисла.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Драма во Пријепоље: Пожар избувна на депонијата Стањевина, прогласена е вонредна состојба

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

A1on