Драги Рашковски објаснува што значи не плаќањето радиодифузна такса

Од:

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, преку својот фејсбук профил го објаснува скриеното покачување на минималната плата.

“Скриено покачување” на минималната плата
Минималната плата се покачи на 12.000 денари.
Радиодифузната такса се укинува. Тоа значи дека на едно семејство ќе му останат во буџетот повеќе 225 денари месечно (190 денари такса и 35 денари провизија за налог)
Аналогно на тоа минималната плата изнесува 12.225 денари
Се воведува евтина тарифа на струјата. Ако во просек едно семејство троши 2.000 денари месечно за струја, преку соодветно трошење тој износ многу лесно може да се намали на 1700 па и помалку. Тоа значи дека 300 денари остануваат повеќе во семејниот буџет.
Аналогно на претходното, минималната плата изнесува 12.525 денари.
Така почнува да се одмотува спиралата.
Така парите ги враќаме кај граѓаните.
Како звучи тоа пластично:
Одите во бутик да купите кошула (радиодифузната такса). Онаа која Ви се допаѓа е 225 денари. Одите на каса да ја платите и сопственикот Ви кажува дека поради домаќинското работење може да си дозволи да ве почасти со кошулата. Вие ем ја имате кошулата, ем си одите дома со 225 денари, кои доколку не Ве почастел сопственикот на бутикот тие средства ќе ви беа потрошени..
Вие ем ги имате услугите на радиодифузија, ед државата поради своето работење може да си дозволи да Ве “почасти”.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези