Драган Ковачки бил разрешен од Пендаровски од позиција во Армијата

Од:

Драган Ковачки кој беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер на МВР, е еден од воените лица за кои претседателот Стево Пендаровски поништи указ потпишан од поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.

Ковачки беше разрешен од Пендаровски од позицијата командант на Првата механизирана бригада.

Во однос на ова решение на Пендаровски, имаше реакции во јавноста, особено од опозицијата од каде тогаш се нагласуваше дека Ковачки завршил на Кралската Воена Академија во Лондон и има посетувано голем број елитни НАТО школи, што го прави соодветно решение за оваа позиција во моменти кога земјата е на прагот за влез во алијансата.

На негово место тогаш беше поставен полковникот Емини Бесник, кој завршил во Рим.

Покрај на Ковачки, претседателот во таа прилика го поништи и указот за бригадниот генерал Мирче Тито Ѓоргоски.

Претседателот Пендаровски ова го стори по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата, која утврди дека поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов донесените укази за поставувања во Армијата на 25 февруари 2019 година ги извршил за време на изборниот период.

Поранешниот претседател потпишал укази по распишаните избори за претседател на државата, со што го прекршил Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност