Драга Снежана, јас се викам Руслан Стефанчук и не сум претседател на Украина – пратеничката Калеска му го промаши името на спикерот на украинскиот парламент

Од:

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска во објава на Фејсбук му го згреши името на спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, а истовремено го „прогласи“ за „привремен претседател на Украина“.

Пратеничката објави фотографија со претседателот на Врховната рада, но под неа напипа дека е сликана со „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“. Таа уште вели дека „тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина“.

Под нејзината објава се огласи Стефанчук за да ја коригира.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија.

По реакциите, пратеничката ја коригираше објавата и го поправи погрешеното име.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Калеска – Ванчева: Донесени мерки за заштеда на струја, домашното производство зголемено за 15 отсто

Арсовски: Адвокатско друштво на Калеска-Ванчева од СДСМ земало 55.000 евра од државни институции за три и пол години

(ВИДЕО) Калеска-Ванчева: Ги намаливме нотарските и извршителски трошоци, го олеснуваме животот на граѓаните

Наум Локоски