ДПА: Власта потфрли во организирање слободни, фер и демократски избори

Од:

Пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ДПА, Беким Фазлиу на својата прва прес конференција по изборите во партиското седиште во Тетово оцени дека актуелната власт „уште еднаш потфрлила во организирањето слободни, фер и демократски избори и во тек на вчерашниот и во тек на денешниот ден“.

– Продолжи праксата на ДУИ со закани и уцени кон гласачите особено Албанци, прекумерното присуство на полицијата на гласачките места не дозволи дел од граѓаните слободно да ја изразат својата волја. Нашата проценка врз основа на информациите што ги добиваме од теренот е дека голем број Албанци беа спречени во остварувањето на гласачкото право, рече Фазлиу.

Според него, посебна појава е тоа што многу лица со биометриски лични документи не биле во избирачките списоци, а најочигледни примери, како што рече, се лидерот на ДПА Мендух Тачи и пратеничката Мерале Ферати кои исто така денеска не можеле да гласаат.

Најави дека за еден час ќе има втора прес конференција во партиското седиште во Тетово за првичните обработени резултати од нивниот аналитички центар.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ