ДПА ја почна кампањата од Студеничани, изборите да бидат мирни и фер

Од:

Демократската партија на Албанците ја почна кампањата за претстојните предвремени парламентарни избори во скопско Студеничани.

Претставувајќи ја програмата на партијата лидерот Мендух Тачи, го повика членството и симпатизерите овие избори да бидат мирни и демократски, бидејќи, како што рече, само тоа е во интерес на Албанците.
– Се разбира дека сме во состојба на извонредно и многу големо незадоволство кон нашите опоненти, Али Ахмети и ДУИ. Сепак ние ќе бидеме победници и ќе ја донесеме слободата и економското зајакнување на Албанците. Од денеска треба да се погрижиме состојбата да не излезе од контрола. Има многу непријатели кои се заинтересирани политичката состојба на Албанците од Македонија да ја извадат од контрола. Ние нема да дозволиме тоа да се случи, рече Мендух Тачи.
Под мотото „Чекориме право“, во Студеничани беа испратени пораки дека ДПА ќе води кампања за позитивни промени.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он