ДПА и ДУИ го блокираа законот за лична карта

Од:

На усвојувањето на измените на законите за лична карта и за живеалиште и престојувалиште, денеска се спротиставија ДУИ и ДПА.

– Нема да ги гласаме овие закони. Нашиот став е дека имаме концептуални разлики со коалициските партнери. Во наредните денови ќе разговараме за овие прашања – рече пратеникот од ДУИ, Рафиз Алити.

Во однос на тоа, тој и пратеникот Џеват Адеми ќе почнат разговори со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и Зоран Илијоски.

Од ДПА, пак, сметаат дека интегративците манипулираат со јавноста и играат двојна игра.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска