ВИДЕО: ДПА го напушта парламентот

Од:

По денешниот инцидент во Собранието,  ДПА соопшти дека го напушта парламентот и сите активности во него.

–Ова што се случи денеска во Собранието е организирасн и оркестриран злочин од страна на Али Ахмети против албанската опозиција. Убиствата и насилствата во овие 13 години веќе се пренесоа и во Собранието, со намера да се елиминира албанската опозиција. Али Ахмети и неговите луѓе  се претворија во јаничари на антиалбанската политика, како во последниот случај на донесувањето на уставните измени и антиалбанскиот буџет. 

Итно бараме да се започне постапката за кривично гонење на овие насилници и криминалци како што се Талат Џафери, Реџаил Исмаили, Мерваин Ибраими Артан Груби и Муса Ибраими. Ние, во меѓувреме ќе превземеме адекватни заштитни мерки од овие насилници и злосторници.
Со оглед на настанатата ситуација, ние нема да присуствуваме на понатамошната работа на Собранието, ја информираме јавноста дека и покрај насилството и теророт, ние упорно ќе продолжиме да ги браниме албанските интереси, рече Имер Алиу од ДПА.

 

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции