Доживотна казна затвор за извршителот на двојното убиство во ресторанот „Император“ во Охрид

Од:

Доживотна затворска казна за првобвинетиот Бојан П. (31) од Охрид, заради двојното убиство извршено во август минатата година кога со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот „Император“ Васил Ристески (56) и Ромео Ѓузелоски (38) од селото Лескоец. Тоа е пресудата што денеска на првообвинетиот му ја изрече судијата Билјана Белеска-Пројкоска, претседател на Судскиот совет при Основниот суд во Охрид што го водеше процесот.

Второобвинетиот Ристо С. (31) исто така од Охрид, Судскиот совет го прогласи „виновен“ за помагање во извршувањето на кривичното дело, притоа изрекувајќи му затворска казна во времетраење од една година.

Во текот на процесот што почна на 1 октомври годинава двајцата обвинети се изјаснија за невини, со забелешка на одбраната на обвинетите дека убиствата се случиле во поинакви околности отколку што беше наведено во обвинителниот акт.

Владимир Стрезоски, адвокатот на одбраната на првообвинетиот, после изрекувањето на пресудата изјави дека истата е премногу строга, најавувајќи дека истата ќе ја обжалат пред повисоките судски инстанци.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена