Дождовите го зголемија водостојот на Преспанското Езеро за 14 сантиметри

Од:

Од почетокот на 2021 година, Преспанско Езеро се зголемило за 14 сантиметри и сега е на ниво 842.36. Веста за зголемување на нивото на езерото, во кое водата со месеци се повлекуваше, на Фејсбук ја сподели градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.

– Секторот за животна средина на Општина Ресен, по извршените мерења ме информира дека од почеток на оваа година нивото на Преспанско Езеро се зголеми за 14 см, односно, сегашното ниво е 842.36. Тоа е добра вест, во година кога треба и институционално да започнат голем број активности за спас на нашето езеро, информира Гошаревски.

Минатиот месец, Преспанскиот регион го посети премиерот Зоран Заев кој соопшти дека Владата обезбедила првични 80 милиони денари за ревитализација на езерото, чие ниво беше многу намалено во однос на просекот.

На 30 декември, водостојот на Преспанското Езеро беше понизок за 1,52 метри во однос на повеќегодишниот просек за тој месец, со што беше половина метар под апсолутниот минимум, покажаа мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Би можело да ве интересира

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината

Горан Наумовски

ВИДЕО: Преспа – жедното езеро

Предраг Петровиќ

Преспанското Eзеро е пред умирање додекa СДС И ДУИ тонат во матни бизнис зделки

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски