Дождот и маглата го отежнуваат сообраќајот

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Обилни врнежи од дожд според информации од Ј.П.Македонија пат, има во Маврово и Дебар, додека низ цела држава се бележат слаби врнежи од дожд. Слаб снег провејува на Попова Шапка.

Како што соопшти АМСМ, поради појава на магла намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Велес – Скопје, до 100 метри на патните правци Скопје -Катланово, Катланово – Скопје, Куманово – Скопје, Велес – Штип и планинскиот премин Стража, а од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Скопје.

Намалената видливост од маглата го отежнива одвивањето и на патниот и авиосообраќајот во дел од државава.

На аеродромот „Александар Велики“ се отакажани утринските летови од Белград и од Истанбул до Скопје, а одложен е летот од Цирих. Отакажани се и полетувањата за Белград и за Истанбул. Преостанатите денешни слетувања и полетувања, според информациите од веб страницата аеродромот „Александар Велики“, треба да се одвиваат според утврдениот ред на летање.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја