А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дожд и температури до 19 степени денеска, во викендот врнежливо

by А1он21/11/2025 - 08:2262
Share0

Времето денеска е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со наврнат талог од над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови.

Добивај вести на вибер

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни со наврнат талог од над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.

vremenska prognoza

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 12:27

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 08:03

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 07:55

Сончево и топло до 25 степени

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 08:00

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 08:04

Облачно со дожд, на повисоките места и снег

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 08:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто