Дожд и денеска, следува затоплување и стабилно време

Од:

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според најавите од УХМР, наредните денови следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег