Дотур на стока во Битола од денеска само претпладне

Од:

Општинскиот кризен штаб во Битола донесе одлука од денеска дотурот на стока со возила кои влегуваат во градот да се врши само во претпладневните часови.

Од Општина Битола најавија оперативна програма со засилена активност на локалните јавни претпријатија на терен, дезинфекција и чистење на јавните површини во градот.

–Јавните претпријатија со оперативни планови ги продолжуваат превентивните мерки. ЈП Комуналец и ЈКП Водовод продолжуваат со интензивно чистење, миење и дезинфицирање на јавните површини и јавните објекти, а ЈП Пазари и КЈП Нискоградба се задолжени за дезинфекција на пазарите, одржување на дезинфекциските корита и, освен досегашното дезинфицирање на возилата коишто имаа дотур на стока во пазарот, дополнително ќе вршат дезинфицирање на сите возила на влез во градот, информираат од локалната самоуправа.

Заклучно со вчерашниот ден, во Битола се регистирани 229 лица со решенија за изолација и 41 лице со потпишана изјава во домашна изолација. Во двата државни карантина во овој град сместени се 146 лица.

Инфекција од КОВИД-19 е регистрирана кај шест битолчани.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски