Досега во прв круг избрани се 11 градоначалници, ВМРО ДПМНЕ – 8, СДСМ, НАИ и ВРЕДИ по еден

Од:

Според досега целосно обработените резултати од гласањето, во 11 општини градоначалниците се избрани уште во првиот круг од локалните избори. Најмногу победи забележа ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидати триумфираа во осум општини, СДСМ во прв круг засега победи во една општина, исто како и НАИ и ВРЕДИ.

Победници од ВМРО ДПМНЕ се Славе Андонов во Василево (73,97%), Коста Маневски во Зелениково (57,19%), Ѓорѓе Божинов во Ново Село (58,86%), Александар Китански во Пехчево (52,47%), Спасе Кочовски во Вевчани (55,83%), Киро Нацков во Градско (71,92%), Никола Најдовски во Демир Хисар (53,91%) и Димитар Костадиноски во Јегуновце (58,32%).

Покрај нив, победа во прв круг остварија и Блаже Шапов од СДСМ во Богданци (50,03%), Даут Мемиши од ВРЕДИ во Теарце (54,60%) и Алија Јаоски од НАИ во Пласница (64,45%).

Во втор круг ќе се гласа во девет општини, каде ниту еден кандидат не освои над 50% од гласовите. Во Дојран ќе се соочат Илија Тентов од ВМРО-ДПМНЕ (48,52%) и Ристо Џинев од СДСМ (43,86%). Во Македонска Каменица во втор круг одат Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ (33,96%) и Соња Стаменкова од СДСМ (27,17%). Во Могила ќе се натпреваруваат Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ (49,17%) и независниот кандидат Сашо Пивковски (37,07%).

Во Ранковце во втор круг одат Даниел Павловски од ВМРО-ДПМНЕ (42,03%) и Даниел Крстевски од СДСМ (36,85%). Во Чешиново-Облешево ќе се соочат Јорданче Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ (45,06%) и Горанчо Крстев од СДСМ (44,16%). Во Лозово во втор круг одат Ацо Велковски од СДСМ (46,07%) и Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ (40,55%).

Во Росоман најмногу гласови освои Стојан Николов (45,63%), а зад него е Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ (45,10%). Во Боговиње ќе се натпреваруваат Фети Абази од ВРЕДИ (48,83%) и Бесник Емши од НАИ (48,02%). Во Дебар во втор круг одат Фисник Мела од ВРЕДИ (40,08%) и независниот кандидат Рамадан Имери (31,45%).

Изборите ќе се повторуваат во три општини поради недоволна излезност, односно неисполнување на законскиот цензус од една третина од запишаните гласачи. Во Маврово и Ростуша излезноста изнесува 30,31%, а во трка за градоначалник се Онер Јакупоски од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети од СДСМ. Во Врапчиште излезноста е 25,18%, а кандидати се Исен Шабани од НАИ и Мехмед Сефери од ВРЕДИ. Во Центар Жупа излезноста е најниска – 21,49%, а таму се натпреваруваат Аријан Ибраим од ДПТМ, Инает Баки од Партија за движење на Турците во Македонија и Алил Емрула од ДНЕТ.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

Хаким Рамадани поднел приговори за вториот круг од изборите во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници