А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Досега вакцинирани 34.214 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина

by А1он01/08/2019 - 14:45321
Share0

Министерството за здравство преку писмено соопштение информира дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 34.214. Од нив, 16.333 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 17.881 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата.

Добивај вести на вибер

„Од почетокот на епидемијата во декември 2018 до сега, дополнително се аплицирани 6.108 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се дадени на здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се контакти и лица над 14-годишна возраст.

Во изминатата недела, пријавени се вкупно 7 случаи, од кои 5 се класифицирани како мали сипаници. Од вкупниот број на пријавени случаи, 4 случаи се од Скопје и еден е од Куманово“, соопштуваат од Министерството.

Во државата остануваат уште 8.642 невакцинирани деца на возраст до 14 години.

Од МЗ велат дека е потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите чувствителни категории.

Вакцинацијата е единствената мерка за заштита од мали сипаници.

morbilimz

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Катерина Ѓуровски29/04/2025 - 14:36

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

Горан Наумовски06/09/2024 - 12:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен