Досега околу 300 лица предупредени за неносење заштитни маски

Од:

Откако е донесена одлуката за задолжително користење на заштитни маски вкупно 282 лица се писмено предупредени поради непочитување на наредбата за користење на заштитна маска.

Од СВР – Тетово информираат дека тетовци и понатаму не се придржуваат до мерките кога е во прашање и ограниченото движење.

– Изминатите 24 часа (12/13-мај) евидентирано е дека едно лице во Тетово не ја почитувал одлуката за ограничено движење. Лицето било лишено од слобода и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок за „непостапување според прописите за време на епидемија“ (член 206 од Кривичен законик), соопшти СВР Тетово.

Во овој период девет нови лица се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат. Полициски службеници контролирале вкупно 143 лица кај кои не се утврдени пропусти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски