Досега над 1.000 заболени од грип, бројката расте

Од:

Се зголемува бројот на заболени од грип. Минатата недела се регистрирани повеќе од 1.000 заболени, вели д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Во ИЈЗ пристигнати биле 40 материјали за тестирање, а од нив 20 биле позитивни на грип.

Според Микиќ, во државава циркулираат три типа на вирусот – тип Б, АH1 и АH3,  истите типови кои циркулираат во Европа.

„Од 14 пациенти кои биле хоспитализирани земен е материјал, а половина од низ се позитивни на грип. Тоа значи дека половина од пациентите биле хоспитализирани поради пневмонии, што се должи на грип. Сè уште ги обработуваме податоците во однос на критичните пациенти, бидејќи таков тип информации не ги добиваме преку редовниот надзор, туку преку јавување во болниците“, вели д-р Микиќ.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Нема отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот

Пеколно време, да не се излегува од 11 до 17 часот