А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Допрецизирање на законот за е-трговија во делот на надзорот

by А1он04/06/2015 - 08:2695
Share0

За да се овозможи натамошен развој на електронската трговија и поголемо вклучување на деловната заедница во активностите за нејзино унапредување, Владата до Собранието достави Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за електронска трговија.

Добивај вести на вибер

Предлог-законот е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања и со него се врши допрецизирање на одредбите за разграничување на надлежностите помеѓу вклучените институции во надзорот и инспекцискиот надзор на електронската трговија.

Согласно одредбите од законот во делот на надзорот, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон вршат Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за електронски комуникации преку надлежните инспектори. Притоа не е извршено разграничување на надлежностите за инспекциски надзор над спроведување на одделните одредби од законот.

Во образложението на Законот се посочува дека предлагачот пристапил кон измени и дополнувања по направената сеопфатна Анализа на моменталната состојба со е-трговијата во Република Македонија, особено од аспект на идентификација на пречките со кои се соочуваат засегнатите страни во е-трговијата.

На дневен ред на оваа комисија се и други закони во прво и во второ читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен