Дополнителни четири милиони денари од државниот буџет за изградба на улици во Кочани

Од:

Општина Кочани доби дополнителни четири милиони денари од Буџетот на Република Македонија за изградба и реконструкција на улици.

Парите се обезбедени со Одлуката за распределба на средства од државниот буџет за 2018 година што се наменети поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Средствата ќе бидат наменети за изградба на дел од улицата „Блаже Поп Арсов“ и за реконструкција на улиците „Стамен Манов“, крак 1 исток и „Славчо Стоименов“.

– Оваа поддршка од Владата на Република Македонија претставува поттик за нашата локална политика со која посебен акцент ставаме на подобрување на инфраструктурата, како во градот, така и во населените места. Продолжуваме со изработка на нови проекти, со што ги зголемуваме шансите за пристап до нови средства како од централната власт, така и од фондовите на Европската унија, соопшти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

За шест месеци, за инфраструктурни проекти за Кочани се наменети близу 22 милиона денари од Владата на Република Македонија 13,5 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“, три милиона денари за изградба на кракови на улицата „Стамен Манов“, два милиона за дел од патот Крушка – Полаки и најновите, четири милиони денари за улици во Ромското Маало.

Покрај финансирањето од централниот буџет, Општина Кочани дополнително издвојува и сопствени средства за реализација на градежните зафати. Посебно значајна е промената во приодот во оваа работа, затоа што улиците кои се пробиваат и тампонираат, веднаш се асфалтираат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот