А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Донирано комбе за интервенции на Полициската станица Кавадарци

by А1он07/05/2018 - 12:36183
Share0

Полициска станица Кавадарци денеска доби комбе за интервенции, донација од кавадаречките компании “Кав-комерц” и “Кожувчанка”.

Добивај вести на вибер

– Комбето е донирано на локалната самоуправа, па преотстапено на полицијата. Со ова се овозможува полициската станица да има подобри услови за работа, а Кавадарци да се издигне на едно повисоко ниво, рече градоначалникот Митко Јанчев.

Благодарност за донацијата изрази командирот Сашко Димовски, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за побрза интервенција и поголема безбедност, поуспешна работа на полицијата, на територијата на општините Кавадарци и Росоман.

Донацијата на возилото беше најавена уште пред некое време, по средбата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Јанчев.

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонската полиција, Димовски рече дека во изминатата година кавадаречката полиција, покрај обемноста во работата, успешно се справувала со сите проблеми.

Тој нагласи дека процентот на расветлени дела е доста висок, над 70 проценти во изминатите шест месеци.

kavadarci

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он14/02/2026 - 09:49

Момче почина во кавадаречко Возарци

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:30

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:2426/01/2026 - 08:30

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 11:21

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 12:13

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен