Донирани пет прочистувачи на воздух за градинката „Пролет“

Од:

Повикот на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, општествено одговорни фирми и компании да донираат прочистувачи на воздухот во градинките и училиштата кои се наоѓаат на територијата на Карпош, денеска го испочитуваа од компанијата „Лукоил“. Оваа нафтена компанија, за градинката „Пролет“, во нејзиниот објект во населбата Влае, донираше пет прочистувачи на воздухот. Градоначалникот Богоев се заблагодари на компанијата за донацијата, и истакна дека е пријатно изненаден од одзивот на фирмите и институциите кои покажале голема општествена одговорност.

– До сега, со донациите од неколку компании, веќе ги покривме 30-40 отсто од вкупните потреби за снабдување со прочистувачи за воздух во градинките и училиштата. Постојано нагласувам дека грижата за најмалите жители на Оптшина Карпош е еден од врвните приоритети за мене како градоначалник , потенцираше Богоев.

Првиот човек на Општина Карпош, истакна дека во населбата Бардовци во фаза на изградба е нова градинка, додека помошниот објект на градинката „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе е урнат и ќе се гради нов. Богоев, најави и реконструкција на објектот на градинката каде што денес се донираа прочистувачите на воздух , и изградба на нова градинка во населбата Влае.

Овие прочистувачи на воздухот ќе покриваат пет занимални во градинката Пролет“, а предвидено е еден прочистувач да биде наменет за просторија од околу 60 метри квадратни. Директорката на градинката „Пролет“ Вита Јаковлевска, му се заблагодари на градоначалникот Стефан Богоев и на претставнциите на компанијата „Лукоил“ за оваа донација, нагласувајќи дека после објектот во населбата Козле, ова е втора донација за градинката од една општествено одговорна компанија.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски