Донирани апарати за коронарната единица во болницата во Штип

Од:

Во штипската Клиничка болница во коронарната единица денеска во употреба беше предадена донацијата од фирмата „Роби“-Штип, во вредност од 8.500 евра.

Интервентниот кардиолог, Сашко Николов изјави дека станува збор за донација од 10 монитори, кои се користат по коронарната интервенција на пациентите, како и повеќе перфузиони пумпи.

– Овие монитори се од голема важност за нашите пациенти, затоа што сите стентирани пациенти можат да развијат малигна аритмија во текот на хоспитализацијата. Затоа и после интервенцијата ги хоспитализираме пациентите во нашата институција и ги поставуваме на 24-часовен мониторинг на ЕКГ на новите монитори, вели Николов.

Според нрго, со овие нови апарати кои ги доби штипската Клиничка болница го достигнува врвот во македонската кардиологија, а исто така се намалува и листата на чекање на пациентите. Последниот месец, додаде, се направени 80 интервенции, од кои 40 проценти се со акутен миокарден инфаркт, односно итни случаи веднаш внесени во сала.

– Во просек работиме од три до четири селективно закажани пациенти и дополнително се што ќе дојде како акутен инфаркт, веднаш го внесуваме во сала без разлика во кој дел од денот. Реалната бројка на стентирања е од 35 до 40 на месечно ниво, што е просек неколку години наназад, како што работиме со ангеографија во источна Македонија и од 80 до 100 пациенти селективно, вели Николов.

Билјана Арсова од фирмата „Роби“-Штип истакна дека како општествено одговорна компанија години наназад имаат донации во Здравниот дом во Штип, потоа во болниците во Штип, Струмица и во Битола, а со оваа донација повторно се навраќаат на штипската Клиничка болница.

На ова одделение во болницата во Штип се третираат пациенти од целиот источен и југоисточниот регион во земјата.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он