„Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“- акција на општина Центар

Од:

Стари и дотраени телевизори, машини, шпорети, електрични уреди. Секој од нас ги чува во подруми и остави. Електронскиот отпад содржи помеѓу 600 и 1000 различни хемикалии кои се штетни за здравјето на луѓето и кои ја загразуваат животната средина.

Затоа и оваа година во текот на месец ноември, општина Центар, го спроведува проектот “Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“, со кој се овозможува собирање на отпадната електрична и електронска опрема директно од домовите на граѓаните.

Заинтересираноста е огромна, а граѓани доброволно се откажуваат од својот ваучер. Таа сума ќе биде донирана на социјално загрозено семејство, во вид на потребен уред за Нова година.

Граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде што на координаторите ќе ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат. Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач Нула отпад од Скопје во договор со пријавените граѓани, ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот од домовите.

За сите граѓани, обезбедени се ваучери од Техномаркет во вредност од 100, 400 и 600 денари, согласно ценовникот и листата на уреди.

Проектот се спроведува во партнерство со колективниот постапувач – организацијата Нула отпад од Скопје, која што е задолжена за собирање и комплетен третман на отпадот.

Досега во општина Центар се организирани 3 големи акциии неколку помали за собирање на отпадна опрема и собрани се вкупно 14 тони отпад.

Граѓаните можат да се пријавуваат на телефонските броеви, во 3 урбани заедници или во организацијата Нула отпад на 070/236-000.

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: ДАНЕ КРАПЧЕВ, НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ, ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН И МИЛЕ АРСОВСКИ
тел. 076/496-327 од 8 до 16 часот
ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: МИРЧЕ МАЦАН, СЛАВЕ ГЕОРГИЕВСКИ – ШНАЈДЕР, РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН И КРЊЕВО
тел. 076/496-329 од 8-16 часот
ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: РОБЕРТ ГАЈДИЌ, БОТЕ БОТЕВСКИ, БЛАГОЈА ДЕСПОТОВСКИ – ШОВЕЉ И МИРЧЕ АЦЕВ, НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА – ДУЊА, МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ – ЈАСМИН, КОЧО РАЦИН И БОРО ПЕТРУШЕВСКИ – ПАПУЧАР
тел. 076/496-325 од 8-16 часот

Со проектот, Општината ги реализира законските обврски за собирање на електрична и електронска опрема, ја подигнува свеста за опасниот отпад и опасноста од истекување на токсични метали во водата, почвата и воздухот и спречува незаконско оставање на овој вид отпад на недозволени места.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории