Донесени законските измени за унапредување на правата на лицата со попреченост

Од:

Лични асистенти за лица со попреченост, остварување право на туѓа нега, мобилност, слепило или глувост, без разлика на примањата, туѓа нега да добиваат и лицата со умерена попреченост, укинување на конзилијарното мислење за туѓа нега, надомест за скратено работно време за родителите, а деца со попреченост и по нивната 26 година и продолжување по службена должност на посебниот додаток за деца со трајна дијагноза се новините што ги предвидуваат измените во Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата што денеска ги усвои македонското Собрание.

Со измените за првпат во Македонија, се воведува правото на персонален асистент и се создава законска основа да се создадат можности за агажирање на вакви асистенти за лицата со попреченост во училиштата, во домот, за социјално дружење и живеење.

Од Министерството за труд и социјална политика посочија дека се предвидува правото на туѓа нега, слепило, мобилност или глувост да се остварува без разлика на нивните месечни примања, нешто што досега не беше можно. Иако, тие се права како компензација за нивната инвалидност согласно Уставот, посочија од МТСП, тоа досега било врзано со приходите.

Се предвидува и право на туѓа нега и за лица со умерени пречки, а таа за сите категории ќе се остварува без конзилијарно мислење, а првостепената комисија ќе ги посетува граѓаните во домашни услови и по претходна дијагноза и отпусно писмо од болница тие ќе си го остварат правото на туѓа нега.

Согласно овие измени надоместокот за скратено работно време родителите со деца и лица со пречкии во развој ќе можат да го остваруваат и по нивната 26-та година, за разлика од досега.

Предвидено е и центрите за социјална политика по службена должност да го продолжуваат посебниот додаток за деца со трајна дијагноза, односно во случаи кога не може да има унапредување на нивната здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик